На светатата архиерејска василева литургија, што по повод одбележувањето на Рождеството Христово Божиќ , утрово се одржа во црквата „Св.Георги“ во Горна влашка маала, присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Охрид Константин Георгиески.
На литургијата, со која чиноначалствуваше Митрополитот на Дебарско- кичевската епархија г. Тимотеј, во присуство на бројни верници , беа упатени Божиќни пораки во духот на големиот празник на Христовото раѓање.


