Казината постануваат места за тепачки

Казината постанаа место за расправии, синоќа нова тепачка пред охридско казино .

Казината, полека но сигурно постануваат проблематични и небезбедни места, дувла за тепачки од кои аир нема никој што западнал во казино мрежата. Изминатиов период во Охрид зачестија тепачките во и пред казината, имало повредени и оштетувања. Синоќа во 22,55 часот во СВР-Охрид Н.Ј.(31) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 22,15 часот на улицата “Партизанска“ пред казино дошло до расправија, а потоа и до физичка пресметка меѓу пријавителот и Д.А. од Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани