Ниските температури длабоко под нулата, придонесоа да смрзне дел од Охидското езеро.
Замрзнат е делот кај трските на кејот „Македонија“ , а дебелината на мразот достига и до неколку сантиметри.
Ноќеска температурата се спушти на -14 степени. Ниските температури продолжуваат и во следните денови. Сончево но студено време.
