Минусни температури изутринава има насекаде низ Македонија, а најстудено е во Битола каде што се измерени 18 степени под нулата.
Во Охрид утрово -8 , Тетово е -16, во Прилеп -15, а -12 во Скопје.
Најмногу снег има во Маврово 70 см, во Крушево 36, а на Попова Шапка 30 см.
Синоптичарите за денеска најавуваат претежно облачно време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува.
