Завршува Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва Горна и Долна маала во центарот на Вевчани попладнево завршува   Вевчански карневал.

 

Зетот, невестата, ѓаволите и глупавиот  Август заедно со останатите маски,  инспирирани од актуелните случувања изминатава година, според традицијата, денеска ќе ги посетат вевчанските семејства. Во утринските часови, заедно со членови од семејствата беа на Вевчанските извори каде полнеа вода со која го правеа вевчанскиот кашаник со паричка.

Вевчани изминатите два дена претставуваше отворена театарска сцена, каде дефилираа голем број маскирани вевчанци, но и туристи од земјава и странство.

Најголема инспирација за вевчанци, очекувано кај публиката беше промената на уставното име, а низ снежните улици на Вевчани помина и комисијата за доделување Нобелова награда за мир за која е номиниран премиерот Зоран Заев и за скок во далечина за поранешниот премиер Никола Груевски. Вевчанци се пошегуваа и за странските инвестиции, минималната плата од 500 евра, законите за родителски додаток на министерот за здравство Венко Филипче, како и осуммината пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои ги поддржа уставните измени, а го поставија и ѕидот на Трамп кон Мексико…

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани