Продолжуваат ниските темпертури, денес нов снег

Минусни температури изутринава има насекаде низ Македонија, а најстудено е во Битола каде што се измерени 18 степени под нулата.

Во  Охрид  утрово -8 , Тетово е -16, во Прилеп -15, а -12 во Скопје.

Најмногу снег има во Маврово 70 см, во Крушево 36, а на Попова Шапка 30 см.

Синоптичарите за денеска најавуваат претежно облачно време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани