Во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ и Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија, во соработка со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на Изучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан, Селџук Универзиетот од Конија, Турција и Институтот за Напредни истражувања од Косзег, Унгарија, по седми пат се одржува Меѓународната конференција „Водици 2019“, овој пат во Струга, во хотелот Дрим, од 17- 19 јануар 2019 година.
Оваа година конференцијата тематски е посветена на „Идентитетите, културното наследство и туризмот како важни елементи на современото секојдневно живеење и фигури на глобалните процеси “, а ќе учествуаат околу 60-тина научни и стручни лица од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Азербеџан, Турција, Унгарија и Русија.
Свеченото отварање на конфенција ќе биде на 17 јануари 2019, со почеток во 20 часот во хотел „Дрим“, Струга.
