Прилепчанец ја тепал својата мајка во Охрид

Синот безмилосно ја тепал мајка си, таа завршила во болница.

Немилиот настан, како што информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид, се случил вчера околу 15 часот во близина на специјалната болница „Св.Стефан“ во Охрид. Вчера околу 15 часот, во близина на специјалната болница „Св.Стефан“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Р. (39) врз неговата мајка И.П. (59), двајцата од Прилеп. На И.П. и била укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид.
-По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.Р. ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани