Полицајци од регионов, ќе полагаат испит во Охрид

38 кандидати полицајци ќе полагаат испит по јавен ред и мир.

Денеска во времето од 11 до 19 часот, СВР Охрид ќе реализира полагање за кандидатите од основната обука за полицаец.
Вкупно 38 кандидати од сите полициски станици, во Охрид, ќе го спроведат практичниот тест за мерење на компетенциите од суштинска активност во заштита на јавниот ред и мир и притоа, ќе бидат мониторирани од полициски службеници-ментори кои, воедно и ќе ја оценуваат нивната практична работа при преземањето на законските мерки на терен. Денешното полагање е во рамките на првиот, од предвидените четири модули за полагање, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани