Мерко: Сите патишта во Струга и струшко се проодни!

Струга затрупана со снег. Неисчистени улици и тротоари, непроодни патишта. Граѓаните се жалат на натрупаните с снег улици и лизгавите тротоари.

Во струшката болница на ортопедското одделение изминативе десетина денови се регистрирани зголемен број на повредени лица.

Генералниот срекретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, при вчерашната посета на Струга, ја обвини локалната самоуправа за негрижа.

-„ За жал можам да констатирам иако веќе помина една неделаодносно десетина денови од снежните врнежи дека Струга буквално е затрушана од снег и дека ниедна улица не е исчистена што само по себе доволно ни говори дека ако се надоврземе на изјавата на градоначалникот дека доволно ни говори дка локалната са,оуправа вооопшто не се знаоѓа со моменталната ситуација и дека не си ја врши својата работа“, обвини Јанушев.


Градоначалникот Мерко , вели прифаќа позитивни критики, но тврди дека сите патишта се проодни.

„Не е вистина, градот и 51 населено место сите се проодни. Ние му сме благодарни на Господ камо да паднеше  уште едно метро снег. Ако треба граѓаните една или две недели со тешкотии ке минуваат или ке се движат но барем немаа да не критикваат цела година за неможност за снабдување со вода. Јас сум задоволен што падна толку снег и ке бидам уште посреќен ако падне уште едно метро“, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.

Таткото на градот уверува дека градските улиците се чистени со силна механизација, дваесет машини интервенирале , но проблемите настанале поради екстремно ниските температури.

– „Додека сите населени места преку седум компании и со помош на месното население во целост се проодни. Во целост велам. Во градот е малку потешко бидејки има повеке секојдневно доашаат многу ители од приградските места и селата и се создава неможност за добро сработување во вакви ситуации“ додава Мерко.
Мерко ги повика стружани да се вклучат во расчистувањето на снегот. Секој со лопата да си исчисти пред својот дом, дуќан или канцеларија. Само така ќе се исчисти градот.

Новинар Соња Рилковска

ТВМ Телевизија 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани