Стружанецот бил фатен кај Кичево.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.П.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.07.2018 година околу 22.40 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило управувано од Д.У.(32) од Струга, при што кај пријавениот бил пронајден и одземен хероин.
