Филев по 18 ти пат го дарува среќниот фаќач на крстот.
Прекрасен крст рачно изработен од филигран и охридски бисери доби Иван Лотески.
Бог се јави ,навистина се јави. За многу години на сите со искрени желби зa здравје,љубов,благсостојба. Посебно сум горд што на овој прзник правам еден мал јубилеј по 18 пат од срце подарувам на чесниот фаќач на светиот крст во водите на Охридското Езеро , уникатен Крст изработен од филигран и Охридски Бисер. Оваа година ми беше чест да му го подарам на мојот драг сосед и пријател Ивн Лотески по втор пат. Овој свет ден кој шири посебен мир и емоција како Охриѓанец и секако мојата долга семејна традиција за изработка на Охридски Бисер Филеви Т.М.1928,не прави горди да продилжиме да твориме и го промовираме Охрид и Македонија секаде низ светот, вели Михајло Филев.

