Внимателно возење снег на Стража и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.

Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово и Буково.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово – Гостивар е намалена на 50 – 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 20 – 50 метри.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани