Јабланица ќе стане Национален парк

На 116. седница беше прифатена информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк.

Иницијативата е од месните заедници на подрачјето на планината Јабланица, како и од невладиниот сектор, а е прифатена и од градоначалниците на општините Струга и Вевчани.

Првиот чекор е изработка на студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на Јабланица. По изработка на студијата, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја почне Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа ќе се зголеми процентот на заштитените подрачја на национално ниво, со што ќе се исполнат и барањата на националната легислатива за заштита на природата, како и меѓународните обврски во согласност со ратификуваните конвенции и ЕУ-директивите за живеалишта и видови, пишува Макфакс. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани