Охриѓанецот добил 30 дена притвор.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Н.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
-На 18 јануари оваа година во периодот од 16.45 до 17.35 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршија претрес во домот и помошните простории на пријавениот и била пронајдена и одземена марихуана. Тој е лишен од слобода, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
