Ѓорчев се пријави за кандидат за претседател

Пратеникот Влатко Ѓорчев соопшти дека ќе се кандидира на партискиот оглас за претседател на државата.

Огласот на партијата е отворен до крајот на месец јануари, а на 16 февруари на конвенција во Струга партијата ќе одлучи кој ќе биде кандидатот за претседател на државата од редовите на  ВМРО ДПМНЕ. 

-„Има моменти во животот кога човек треба да го искористи целото свое знаење, искуство, сите свои постапки и сè што направил во животот – во функција на државата и народот. Не смееме да си дозволиме уште неколку години како овие две. Македонија назадува, не е добро. Од тие причини објавувам дека се кандидирам за претседател. Поседувам искуство, мотивација, знаење, чесност, лојалност, ја знам цела држава по должина и попреку, сум бил насекаде, а во следните три месеци ќе одам во секое село, град и место за да ја добијам поддршката и да го разбиеме скептицизмот“, рече Ѓорчев.

Според неофицијалните информации засега на огласот на ВМРО ДПМНЕ има двајца пријавени кандидати. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани