Под покровителство на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ , на 26 и 27.01.2019 година во Битола се одржа шаховски турнир во единаесет кола со темпо на игра 20’+10” .
На турнирот учествуваа 83 млади шахисти од Република Македонија, од кои 12 од Шаховскиот клуб „ Ласкер“од Охрид.

На турнирот членовите на ШК „ Ласкер“ освоија три медали. Во категорија U12 Јулијан Матески освои бронзен медал, во категорија U14 Константин Лушески освои златен медал кој воедно беше и шестопласиран во конечниот пласман на целиот турнир, а Иван Велкоски освои сребрен медал.
Јана Анѓелкоска е од Охрид, но заради високиот квалитет на игра, таа е играч на „Алкалоид“ Скопје. Во Битола, Јана е: 1. Најдобро пласирана охриѓанка 2. Сребрен медал во најсилната категораија (U16) од која е и победникот на турнирот. 3. Вкупно петто место; и 4. Најдобро пласирана девојка на турнирот.


