Малолетници краделе низ Охрид

Малолетници од Штип и Кочани сториле три кражби, „спечалиле“ пари и кривична.

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „кражба“ и едно дело „тешка кражба“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две малолетни лица, од Штип и Кочани.
-Тие, во периодот од 25 до 28 декември минатата година, употребувајќи подесен алат и физичка сила, успеале да влезат во црквата „Св.Архангел Михаил“ на улицата „Вардар” а потоа и во две куќи лоцирани на улиците „Пирин Планина“ и „ Петар Поп Арсов“ во Охрид. Со извршувањето на казнените дела, пријавените малолетници, се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000,оо денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани