Ohrid Trial новата спортска манифестација во туристички Охрид, која ќе го промовира спортот и НП Галичица.
Во склоп на НП Галичица предвидни се две планински трки: мала (35км) и голема (60км) организирани од страна на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите“.
Планинското трчање е дисциплина во огромен подем во светски рамки. Стартот на помалата трка ќе биде во Елешец а на поголемата во НП Гличица и двете ќе финишираат на градскиот плоштад.
.jpg)
-„Јас како страствен љубител на планината и спортист сум пресреќен што имам чест да најавам еден ваков импозантен настан што ќе се случува во Мај годинава во Охрид а како вд градоначалник да го изрзам моето задоволство што сите овие настани ќе се поддржани од општина Охрид“ , вели Константин Георгиески в.д градоначалник на Охрид.
Запрашан дали ќе трча на Ohrid Trail градоначалникот одговори: Ако беше пред неколку месеци да ќе трчам, меутоа сега со сите овие обврски не сум баѓш во некоја тркачка кондиција. Иако со овие организатори сум бил во повеќе планински авантури. Ohrid Trail ќе има промотивен карактер, ќе го афирмира Охрид. И секогаш додека сум јас на ова место овие настани ќе ја имаат мојата поддршка“.
.jpg)
Планинското трчање е мешавина од планинарење и трчање на долги дистанци во природа односно национални паркови, заштитени зони и резервати.
-„Овој спортски наста ќе ја промовира планината Галичица. Ќе ја поттикне нејзината заштита. Ќе испратиме апел повеќе функционерите да се фокусираат на Галичица и на планинарењето да градат традиција во друењето со природата. ОхридТрчат го популаризира градското јадро со стариот дел на градот, Триатлонот го популаризира езерото и крајбрежјето ова е третиот настан кој ја популаризира Галичица и нејзиното природно богатство“, подвлече Иван Цветкоски од Асоцијацијата за спортови.
.jpg)
Од 1 ви февруари започнува пријавувањето за учество во планинарските трки.
