Свети Атнасиј Велики ќе се одбележи во црквата во Љубаништа.
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2019 година (четврток), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – „Св. Атанасиј Велики“ – Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Во пресрет на празникот ви предлагаме да ја погледнете оваа репортажа за убавиот манастир:
ФОТО Репортажа: Скриениот убавец – манастирот Свети Атанасиј во Љубаништа