Георгиески: Галичица е најубава,но мора туристички да се развива

Туристички да  се развива НП Галичица, но не со големи инфраструктурни проекти. 

„Не би бил градоначалник на место ако не би бил локал патриот. Шетаме планинариме, одиме по врвови, секогаш кога ќе се вратиме на Галичица ќе си се качиме на Магаро  си го правиме истиот муабет-  Овде е најубаво!, каде и да одиш оди Монт Блан врати се, Галичица е најубава има некоја посебна душа за нас како планина и сите ние кои минуваме таму доста време сме го правеле овој муабет со останатите планинари. Чувствуваш некоја слобода таму,  си  некако свој на своето“, вели в.д градоначалникот Константин Георгиески кој воедно е планинар.   

Георгиески смета дека мора да се развива  туризмот во НП Галичица, но не со гондоли и ски центри. 

-„Ние ако сакаме да ја продолжиме туристичката сезона во Охрид  ние мора да ја развиваме Галичица. Не со ски центри туку со развој во насока на алтернативни спортови, планинарење, турно скијање, во лето велосипедизам Ние сме еден од ретките градови кој нема велосиедска тура и моја заожба е ако сум на лето на ова место ќе направиме една велосипедка тура“, рече Георгиески. 

На исто мислење се и вработените во НП Галичица. Не прифаќаат инфраструктурни проекти, бидејќи на тој начин ќе се наруши биодиверзитетот во заштитеното подрачје. Со најновиот проект на НП Галичица предвидено е маркација на пешачки и велосипедски патеки за привлекување на се поголем број туристи. Воедно ќе се изработува и апликација за мобилни телефони се со цел поголема информираност на посетителите за вредностите на паркот, но  и побезбеден престој.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани