Момче било нападнато од тројца, полицијата ги знае двајцата.
Струшката полиција го бара третиот учесник во тепачката во која 23 годишно момче било повредено. На трети овој месец, околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во кој, А.И.(23) од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од А.С. (28), М.С.(53), двајцата од струшкото село Велешта, и од уште едно, засега непознато лице.
-А.С. и М.С. се повикани на разговор во полициската станица во Струга а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
