Изминативе денови инспекторите на Управата за јавни приходи ги „чешлаа“ трговците и угостителите во Охрид.
Охриѓани со реакции во јавноста, бидејќи конторлите на УЈП биле со полициска придружба.
-„Не` третираат како криминалци. Ужасна е сликата кога во дуќан ви влегуваат двајца инспектори во придружба на вооружени униформирани полициски службеници! Ние сме чесни граѓани, работиме по закон , плаќаме даноци имаме по десетина вработени. Не` заслужуваме ваков третман, се жалат дел од охридските бизнисмени.
