Конечно, се намалуваат казните

Македонското Собрание вчера  попладне го усвои Предлог законот за прекршочна постапка, решение со кое се предвидува подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка, додека изрекувањето на опомена пред да биде изречена глоба се воведува како правило.

 

Најголема промена, и можеби најзначајна, е тоа што  се воведува  неколкукратно намалување на висината на глобите преку утврдување точен распон на висината на прекршочните глоби и усогласување на сите материјални закони во правец на нивно усогласување со предвидената висина на глобите во Законот за прекршоците.

За физички лица казните ќе се движат од 15 до не повеќе од 250 евра, за разлика од порано, кога највисоката казна била 1000 евра. Кај компаниите, ќе се прави градација мали средни и големи и согласно тоа се одредува висината на казните.

Исто така, во законот за прв пат се прави јасно разграничување помеѓу административните и судските прекршоци.

Опозицијата, иако даде поддршка во првото читање, најави амандмани со цел подобрување на законското решение.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани