Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска треба да ги распише претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.
Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај. Воедно ќе бидат распишани и избори за градоначалник во три општини Охид, Дебар и Ново Село.
Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори, но и за градоначалници во наведените општини. Охрид и Дебар ќе избираат нов градоначалник поради ненадејната смрт на градначалниците, а Ново Село после оставката н градоначалникот.
На седница на собраниската Комисија за избори и именувања денеска треба да биде утврдена Предлог листата со канидатите за членови на новиот состав на Антикорупциската комисија. Изборот треба да помине и на пленарна седница најдоцна денеска за Комисијата да може да го следи и претстојниот изборен процес во делот на финансирањето на политичките партии.
