Камионџијата побегнал, полицијата трага по него.
Како што стои во соопштението од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, синоќа во 18.45 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Оровник, се случила сообраќајна незгода во која М.П. (23) и Л.С.(29), двајцата од Охрид, се здобиле со повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, информира дека во незгодата учествувале товарно моторно возило кое го напуштило местото на настанот и патничките моторни возила „Опел Астра“ со охридски регистарски таблици, управувано од повредената М.П. и „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од повредениот Л.С.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
