Со тимска соработка на институциите, Струга се организира за решавање на питачењето во градот.
По иницијатива на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, општина Струга, предлага тимска соработка против организираното питачење во Струга. Според иницијативата, општина Струга во соработка со полициската станица во Струга и Центарот за социјална работа, ќе реализираат континуирани акции за остранување на, се поголемиот број питачи, пред се, во центарот на градот но и во угостителските објекти.Тоа е грда слика за Струга посебно во лето кога има бројни домашни и странски туристи и добро е што, општината ќе формира тимови за отстранување на питачите, сметаат стружани.
-Оваа акција има за цел да ги острани питачите кои се организирани или трафикувани од лица кои ја злоупотребуваат нивната состојба. Општина Струга ја започна акцијата по зголемувањето на бројот на питачите во градот, информираат од општината. Оттаму апелираат до граѓаните да се вклучат во акцијата и да ги пријават организираните питачи на телефонскиот број 192 или преку порака на официјалната страна на општина Струга.
