Цариниците пронашле околу 2 килограми сребрен накит скриен во перница на автобуското седиште.
Македонски државјанин неодамна е фатен на граничниот премин „Богородица“ со 209 парчиња сребрен накит (синџири, нараквици, обетки и прстен) со вкупна маса од 2.150 грама. Тој е откриен при контрола на македонски автобус, што сообраќал на редовна линија Истанбул – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавениот накит бил пронајден во внатрешноста на перница пронајдена на седиште во автобусот на кое седел македонски државјанин, кој патувал со автобусот. Против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
