Со свечена гала забава, вечерва од 21 часот, во Охрид свечено ќе биде отворен ултра модерниот хотел-бар „Sky Corner“.
Ексклузивниот хотел во стакло,има шмек,има стил, елегантност и исклучителна атрактивност што му дава „душа“ на Охрид,а „Sky Corner“ го издигнува во респектабилен охридски угостителски бренд со ексклузивен препознатлив стил надополнет со европска смисла за квалитет. Со „Sky Corner“,Охрид ќе добие супер-модерен хотелско-туристички објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на врвните хотелски капацитети во земјава и пошироко. „Sky Corner“ се наоѓа на атрактивната локација до „Охридска банка“ во строгиот центар на Охрид, од чија тераса се пружа прекрасен панорамски поглед кон чаршијата, према стариот град и секако кон бисерот на градот-Охридското езеро. „Sky Corner“ е љубов на прв поглед, уникатен е, има неповторлив амбиент, освојува и плени со прекрасниот и топол ентериер, со единствениот дизајн и со внимателно одбраните бои и нијанси на мебелот и секако, со луксузните сместувачки апартмани. „Sky Corner“ нуди бренд на производи, ексклузивна француска кујна и француски слатки,четири солени соби за масажа, бјути центар и многу други новини што ќе ја освојат душата на секој домашен и странски гостин.„Sky Corner“во Охрид доаѓа во право време, во пресрет на туристичката сезона. „Sky Corner“, ќе ја збогати охридската туристичка понуда и ќе биде вистински квалитет и освежување меѓу хотелско-угостителските објекти во градот.„Sky Corner“ значи и многу вработувања, пред се на млади луѓе и подигнување на нивото на економски развој во Охрид. Погледнете ја целата убавина и раскош и секако, бидете дел од прекрасната приказна за охридскиот преубав „Sky Corner“.










