Македонија е дел од 36-тото издание на интернационалниот саем за туризам ”HOLIDAY&SPA EXPO” во Софија, Бугарија.
Бројот од 52 659 бугарски туристи годишно со остварени 89 028 ноќевања го наметнува интересот и потребата за отворање авио линии за поврзување на Охрид и Скопје со Софија и останати градови во Бугарија. Целта е зголемување на калитетот и продолжување на нивниот престој во Македонија, како и уживање на туристичките содржини.
.jpg)
Репрезентативниот македонски штанд има рекорден број ко-егзибитори, претставници од туристичкиот сектор, кои првиот ден од саемот го искористија за зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу двете земји.
На саемот во Софија присуствуваше и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Македонија е дел од “HOLIDAY&SPA EXPO” заедно со повеќе од 380 изложувачи од над 22 земји и 60 дестинации и туристички региони, како и над 20.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.
.jpg)
Од 14-ти до 16-ти февруари претставници на Агенцијата за промоција на туризмот, Hotel Izgrev Spa & Aquapark, Fibula Air Travel Macedonia, хотел Гранит ќе ги промовираат туристичките дестинации на Македонија.

