Страшната автобуска несреќа која се случи на патот Скопје – Тетово зема уште една жртва.
Почина маж, кој се лекуваше на Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар. Со ова бројот на жртви се искачи до вкупно 15.
Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.
Додека другите повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, некои од нив, оние што имале помали повреди, беа пуштени на домашно лекување.
Лекарите вложуваат натчовечки напори. Вчера на 20 годишната девојка која е во критична состојба после лекраски конзорциум му беше ампутирана една нога, што и била потполно згмечена во ударот.
Во сообраќајката кај Ласкарци беа повредени 40-тин. Десет од повредените веќе се дома со своите најблиски, а 30 се уште лежат во болничките кревети.
