Охрид и Скопје остануваат најпосетените дестинации за туристите од Бугарија.
Се поголемиот број на бугарски туристи во Охрид и Македонија, ја наметнува потребата од авио поврзување на Охрид и Скопје со Софија.Бројот од 52.659 бугарски туристи годишно со остварени 89.028 ноќевања го наметнува интересот и потребата за отворање авио линии за поврзување на Охрид и Скопје со Софија и остнати градови во Бугарија. Целта е зголемување на калитетот и продолжување на нивниот престој во Македонија, како и уживање на туристичките содржини. Можноста за авио поврзување на Охрид и Скопје со Софија беше една од главните теми на разговори помеѓу македонските и бугарските тур оператори на 36-то издание на интернационалниот саем за туризам „Холидеј спа експо“ (Holiday & spa expo) во Софија, Бугарија. Од 14 до 16 февруари претставници на Агенцијата за туризaм, општина Крушево, како и претставници од приватниот сектор, хотел Силекс, хотел Парк, хотел Климетица, хотел и спа центар Сириус, хотел Гогов, хотел Изгрев, тур-операторот Фибула и ТА Маседониа Холидејс, ги промовираат туристичките дестинации на Македонија.Македонските претставници се дел од саемот заедно со 380 изложувачи од над 22 земји и 60 дестинации и туристички региони, како и над 20.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.Лани, Македонија ја посетиле евкупно 1.126.935 туристи, со остварени 3.176.808 ноќевања, број за кој напорно работеше туристичкиот сектор на нашата земја. Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,8 %, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 14,5 отсто.

