И Бугарија предупредува за можни терористички напади во следните денови во Македонија.
Според податоците на бугарската амбасада во Скопје на 15 февруари, властите во земјата спречиле планови за терористички напади од страна на поддржувачите на Исламската држава.
Ова интервенција била по сигналот на Американската амбасада во земјата што тие ги упатија по нивни сознанија за зголемен ризик од терористички напади од страна на екстремистите.Полициските сили извршија претреси на простории во повеќе населби и конфискувани се предмети и уреди што би можеле да се користат за напад.
-“Полицијата на Република Северна Македонија одржа оперативно-технички мерки и претреси на неколку објекти, поврзувани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акти на територијата на Република Северна Македонија од страна на радикални структури, поддржувачи на групата идила”, е објавено во порака од Министерството за внатрешни работи на Македонија“, пренесува Локално.мк.
Инаку Амбасадата на САД во Скопје преку официјалната веб страница завчера предупреди дека има зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистички идеологии во Северна Македонија.
Американската амбасада ги советува своите државјани дека екстремистите сè почесто напаѓаат т.н. „меки цели“, како трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, религиозни објекти, училишта, паркови и јавни настани, како спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации и други собири и им препорачува да бидат дополнително внимателни на такви локации.
