Јаболкопроизводителите од Преспа денес од 10 до 12 часот ќе протестираат на магистралниот пат Ресен – Битола, кај Макази.
Протестираат поради проблемите со пласманот и хиперпродукцијата, 50.000 тони јаболка останаа во магацините. Затоа бараат средба со премиерот, но и да се врати повторно интервентната мерка од 3 денари.
-И потребна ни е таа поддршка да ја добиеме и во 2019 година. Ние бараме интервентната мерка која важеше до декември да продолжи до 30 јуни 2019 година, вели МЕНДЕ ИВАНОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР.
Ресенчани бараат што побрзо да им се исплатат и штетите за 2017 година и субвенциите, затоа што велат дека сега започнува сезоната на активности во јаболковите насади.
