Не престанува безмилосното уништување на трската во струшко. Изминативе години уништени се стотина илјади квадратни метри од ова мошне значајно водно растение.
Изминативе денови повторно се влучи алармот.Екологистите предупредуваат со фотографии до медиумите дека повторно гори трската во струшко.
.jpg)
-„Да се запре криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро.Во овој момент се гори трската на Охридското Езеро на пат Струга – Калишта.Палењето на појсот трски на ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ Е КРИВИЧНО ДЕЛО. Барама одговорност од соодветните институции за овој екоцид!
.jpg)
Предупредувањето доаѓа во рамки на проектот „Еко Патрола“ за следење на состојбата на крајбрежјето и екосистемот на појасот трски на Охридското Езеро во Струга.
Активноста е дел од проектот: “Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридско Езеро”, што е дел од програмата која се реализира во рамки на проектот : ,,Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инаку непознати сторители изминативе десетина година периодично ја уништуваат трската на брегот на струшкото крајбрежје со цел за урбанизација на истиот потег.
