Неквалитетената заштитна ограда причина за смртта на патниците кај Ласкарци?

 

Фактор анализира: Дали неквалитетната заштитна ограда е прчина за смртта на патниците кај Ласкарци? Како е можно автобусот да пробил три заштитни челични огради?

 

Експертската јавност е згрозена. Како може еден автобус што не возел повеќе од 100 километри на час и удрил косо да ги скине сите заштитни челични огради на автопатот Скопје – Тетово? Дали се соодветно проектирани или се несоодветно изведени заштитните огради на автопатот?
Како може автобус со брзина која не надминувала 100 километри на час да пробие три заштитни челични огради изградени по стандарди и да се урне во провалија и при тоа да загинат 15 патници? Колку се безбедни заштитните огради чија изведба чини милиони евра?

Експертската јавност е вчашена. Телевизиските снимки од трагедијата ги гледаат со неверување. Зарем може да се случи ова? Како може автобус со брзина која уште не е утврдена, но не била поголема од 100 километри на час да пробие не една туку три заштитни челични огради и да се урне во провалија. Сите од фелата знаат дека единствената функција на заштитната ограда е да ја апсорбира енергијата, да го смени правецот на возилото, да го одбие ударот. Се тоа со цел да спаси животи. Сите од експертската фела знаат дека заштитна ограда на автопат ако е поставена согласно со стандардите треба да биде доволно силна за да одбие удар од возило кое се движи косо во неа со брзина од 90 километри на час. Дури и да е големо патничко возило или товарно возило двете банкини треба да го запрат. Затоа стандардот предвидува и две заштитни огради меѓу двата правци на движење на автопатот. Со каков квалитет се тие три заштитни огради кои автобусот ги скинал? Во неофицијален разговор стручњаците велат дека секој столб од заштитната ограда во земја се побива на длабочина која надминува еден метар, а над земја останува во височина од еден метар. Дебелината на тие столбови е пропишана со цел да издржат такви силни удари. Да спасат животи. За да може да одбие силен удар на товарно или превозно големо возило челичните столбови според потребите се поставуваат и на меѓусебно растојание кое некогаш е и еден метар од столб до столб. Тие се поврзани со хоризонтално поставени дебели челични лимови т.е. браници или популарно наречени банкини. Нивната единствена цел е да ги заштитат патниците, возачите од возилото кое губи контрола, но и сите патници од возилата кои се наоѓаат на спротивниот правец на автопатот. Токму затоа кога има паралелно изградени коловозни ленти во спротивни насоки меѓу нив се поставуваат две заштитни огради. За сигурност: ако возилото што удира и ја пробие една лента да запре при ударот во втората лента. А што се случи во кобната среда? Автобусот на „Дурмо“ пробил дури три заштитни ленти!

Целата анализа тука

Инаку во  тешката автобуска несреќа кај Ласкарци загинаа 15 мина , а уште седум се во критична состојба. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани