Според податоците на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот медицинскиот туризам бележи голем раст изминатите години.
Македонија има јаки страни и капацитети со најсовремени светски стандарди за развој на денталниот туризам и кардиохирургијата.
-„Можностите за инвестирање во медицинскиот туризам беа презентирани од страна на АППТРМ, пред членовите на бизнис дипломатијата и потенцијалните инвеститори од “DEIK”- Одбор за надворешни економски односи на Турција.
Членовите кои ја претставуваат турската бизнис заедница и нејзините водечки претприемачи на средбата ги анализира условите и поволната бизнис клима за инвестирање во сличните деловни развојни активности, а соработката се оствари благодарение турската амбасада во Македонија“, информираат од Агенцијата за туризам.

Охрид има докажан пример за развој на денталниот туризам. Стоматолошкиот центар
„Д-р Баткоски“ во Охрид е најсовремената дентална установа со најразновидни светски услуги која привлекува се повеќе туристи.
