И Охрид на листата на загадени градови

Аерозагадувањето шест пати повисоко од дозволеното. Состојбата е алармантна.

Интернет апликацијата „Мој воздух” изминативе денови,покажува алармантни податоци за квалитетот на воздухот во градот ,кој се сметаше за град со најчист воздух. 

Трите мерни станици покажуваат енормно загадување со  канцерогените ПМ 10 честичк и. На 18 февруари  ноќта околу 19 часот концентрацијата на ПМ честичките изнесувала дури 323 микрограми на метар кубен, што е за 6 пати над дозволеното! 

Бисерот на Македонија за кој се сметаше дека е со најчист воздух , па на жителите од загадените градови им нудеше престој и рекреација по дисконтни цени, излезе дека се соочува со аерозагадување! 

В.д. градоначалникот Константин Георгиески вели тоа е глобален проблем. Граѓаните треба да се воздржат од возее автомобили, но и да се размислува за пормена на начинот на греење. 

Од Центарот за јавно здравје сметаат дека е итно потребно акредитирано тело кое ќе води сметка за аерозагадувањето односно ќе ги потврди или демантира овие алармантни податоци. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани