Телесните инвалиди од Охрид останаа без лични асистенти.
Иако тие беа пионери во воведувањето на првиот пилот проект за персонални асистенти , кои на осум инвалиди од градот им помагаа во секојдневните активности, откако заврши проектот тие немаат помошници.

За потешко инвалидизираните лица потребна е обврзувачка асистенција по теркот на сите европски земји. Придружниците водат комплетна грижа за инвалидите, кои се немоќни и немаат кој да им помагне, односно имаат вработени родители или сопружници.
-„Многу сум лут иако ние бевме еден од изработувачите на тој пилот проект и преку нас е тоа воведено ние две години после тој пилот проект не сме прифатени и не сме во панот и во Охрид воопшто таа персонална асистенција не функционира во псоледните две години“, вели Венко Голабоски од Здружение на инвалиди „Мобилност“.
Најчесто личните асистенти се медицински лица кои се грижат за инвалидите, ги облекуваат, ги хранат, ги шетаат, набавуваат намирници, ги водат на лекар, извршуваат обврски во институциите.
-„Не секој има помошник или личен асистент дома, така што овие платени асистенти било од државата , било од фондот, од локалната самоуправа би биле од голема помош за таквите инвалидизирани лица на кои им е неопходна лична асистенција. Тој проект помина сега во Македонија се воведува некаква лична асистенција но со многу ограничувања. Пример се ограничуваат во градовите ќе има определен број на асистентии се ограничуваат граѓаните“,вели Венко Голабоски претседател на здружение на инвалиди „Мобилност“ Охрид.
Државата не смее да ограничува со бројка колку асистенти ќе има по градови, туку стручна комисија да оценува и секој инвалид кому му е потребно да добие асистент.
-„Секој што има потреба да му се обезбеди од државата бидејќи Конвенцијата за правата на инвалидите тоа го пропишува атаа е прифатена и потпишана ратификувана од Р Македонија и таа треба во целост да се имплементира односно примени во пракса така што инвалидите да не се чуствуваат како граѓани од трет ред туку да бидат рамноправи со сите други граѓани од Охрид“, додава Голабоски.
Телесните инвалиди лути на министерството за труд и социјална политика бараат да ја преиспитаат оваа одлука и да им доделат лични асистенти на сите инвалиди кому му е потребна.
Во Охрид има 80 регистирани инвалиди, почнувајќи од деца од основно одделение па се до 65 години. Во 2017 година се реализира проектот за лична асистенција финансиран од Финска преку министерството за труд и социјална работа, тогаш осум охриѓани имаа лични асистенти.
Новинар Соња Рилковска
