Повреден работник префрлен во „Св.Еразмо“

Работник од Кичево бил тешко повреден на работното место.

Утрово, во болницата „Св.Еразмо“ во охрид од кичевожската Итна медицинска помош, бил пренесен 59 годишен работник кој на работното место бил тешко повреден.
Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид информира дека утрово околу 05 часот, во Итната медицинска помош во Кичево со повреди здобиени на работно место во фабрика во Кичево, донесен бил Д.М.(59) од Кичево.Додава дека работникот поради сериозноста на повредата, со медицинско возило е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани