Охрид ЅОЅ ги подржува активистите против рудниците во Македонија

Охрид ЅОЅ ги подржува активистите кои се борат против рудниците во Македонија.

Реакција на триесеттина еколошки здруженија од земјава по повод нападот врз активистите кои се борат против рудниците во земјата.Во реакцијата се вели:еколошките здруженија активни во секторот животна средина и клима во земјава им даваат целосна подршка на граѓанските активисти и жителите на локациите каде се планирани да се градат рудници за бакар и злато. Деновиве тие се безобразно нападнати поради својата борба да си ги зачуваат домовите и да ја зачуваат нашата храна. Ова не е прв пат да се врши заплашување и напад врз еколошки активисти во земјава и бараме властите да превземат мерки за да ги заштитат своите граѓани.
Поднесувањето на „опoмена пред тужба“ за искажан еколошки став од еколошки активист поврзан со носење на одлука која ја засега животната средина во која активистот бил вклучен на приватен фејбук профили, без објаснување како инвеститорот обезбедил пристап до самите профили, претставува вознемирување и заплашување на активисти!
Ваквиот третман врз претставниците на еколошкото граѓанско општество е спротивен на одредбите на еколошката демократија и спротивен на Архуската Конвенција.
Сметаме дека изградба на рудник или било каков индустриски објект во срцето на најплодната првокласна почва во земјата во време кога цел свет се соочува со екстремни временски услови и недостаток на храна едноставно е непромислено и не смее да се дозволи. Сите рудници со сигурност имаат влијание врз животната средина и луѓето кои таму живеат, меѓутоа големината на најавените проекти подразбира и огромно и трајно влијание и загадување на почвите, водите и воздухот на локацијата каде ќе се гради, стои во реакцијата на еко здруженијата од Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани