50 килограми марихуана сокриени во вреќи е билансот од синоќешната акција.
Како што информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид, полициските службеници во одводен канал пронашле 4 најлонски вреќи со 50 килограми марихуана. Синоќа околу 20.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“, при обиколка, кај одводeн канал на брегот на Охридското во село Калишта пронашле четири најлонски вреќи со околу 50 килограми марихуана. Пронајдените вреќи се подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти портпаролот Димоски.
