Реконструиран мостот на истекот на Црн Дрим

Реконструкцијата на мостот на истекот на Црн Дрим од Охридското Езеро, започна во декември лани.

Заврши реконструкцијата на мостот со кој се врши регулација на истекот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим, проект кој го релизираше компанијата ЕЛЕМ во периодот од декември минатата година.
Проектот, како што информира ЕЛЕМ, се состои од целосна замена на старите талпи со нови со цел поголема безбедност за пешаците, а истовремено ја задржа автентичноста.Активностите за обновување и зајакнување на мостот почнаа во декември минатата година, но привремено запре во јануари, поради временските неприлики и екстремно ниските температури. Според ЕЛЕМ, реконструкцијата е извршена со материјали, кои ќе го задржат неговиот автентичен изглед, а ќе обезбедат безбедност за граѓаните на Струга и на туристите кои го користат овој премин.Проектот за механички испуст на сегашниот регулациски мост бил изработен во осумдесеттите години на минатиот век, а последна реконструкција била направена во 2010 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани