Годишно собрание на здружението на пензионери Струга

На првата седница на Советот на ЗП Струга за оваа календарска година одржана на 25 февруари 2019 година,во проширен состав,ги разгледа и усвои финасиските извештаи и Годишната сметка на здружението за 2018 година,кои беа предмет на Надзорната комисија,образложена од членот на комисијата Идри Исмаили.

Финасискиот извештај на Здружението ја прикажуваат финасиската состојба на 31 декември 2018 година,објективно во сите матерјални аспекти,како резултатите од работењто и паричните трошкови за годината што заврши,во согласност со финасиските известувања,соопшти претседателот на ЗП –Струга Милорад Трпоски.
На седницата беше разгледан и усвоен извештајот за работењето,кое целосно ја спреоведе својата програма за работа.Беше оценето дека здружението ги има остварено своите основни цели преку системско оценување и давање препораки за подобрување.
Собранието го разгледа и го усвои и Извештајот за извршување на Програмата за работа во 2018 година.Потоа беше константирано дека овој извештај може да се заклучи дека Програмата успешно остварена.Во текот на минатата година беа остварени сите планирани програмски активности поврзани со остварувањето на основните стратегиски цели на здружението,како и голем број проектно ориентирани активности кои овозможуваат воведување промени во работењето и усогласувањето со новите законски барања.


Собранието оцени дека благодарение на добрата,ефикасното искористување на финасиските средства и навременото обезбедување на сите информации,а во текот на миннатата година ЗП-Струга успешно ги заврши програмските задачи и ја следи планираната динамика на остварување на Програмата за работа истакна претседателот Трпоски,која беше доплнета со нови програмски задачи.
На почетокот од седницата со едно минутни молчење беше оддадена почит кон починатите пензионери во изминатиот период.


А,исто така со свои поздравни зборови се вклучија и гостите,најпрво претставникот од СЗПМ Станка Трајкова ,секретарна ИО на СЗПМ,која посака успешна работа на Собранието,како и залагање во наредниов период за враќање на пензионерскиот дом „Галеб„ за потребите на пензионерите од регионот,како и Калина Сливовска – Андонова,главен и одговорен уредник на весникот „Пензионер плус“и уредник на „Пензионерски видици“,во своето обраќање истакна дека ЗП Струга е едно од најактивните здруженија кое се гледа и од редовно застапеност во пензионерските гласила на СЗПМ .Поздравни зборови до собраниети испратија:збратименото здружение од Крушево претводено од претседателот Глигор Ангелески,од Македонски Брод ,гостите од локалната самоуправа,како и претставниците од ОО на Сојузот на борци од Струга,Ајредин Мемеди,кој даде целосна подаршка на извештаите и предложената Програма за 2019 година,секретарот на Оптинската организација на Црвен крст Адуриме Даути ,која во својата дискусија истакна дека соработката со ЗП Струга ќе продолжи како и досега што соработуваме .
После обемните дискусии , препораки,забелешки и предлози , членовите на Собранието на ЗП-Струга на седницата ја прифатија информацијата за финасиското работење од оваа измината година на здружението и Клубот на пензионери,а усвоена беше и програмата за работа и финасискиот план за 2019 година.
На крајот од седницата,претседателот на Комисијата за статутарни и правни работи Фикрија Бектеши,поднесе предлог за измена и дополнување на Статутот на ЗП –Струга.во согласност со СЗПМ,кој членовите на Собранието едногласно го прифатија предлогот без забелешки.
Со гала коктел,во сепарето на Клубот на пензионерите во Струга,беа почастени сите гости на годишното отчетно собрание.Коктелот го приреди Активот на пензионерки од Струга.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани