Мицкоски: Го бараме вашиот глас, за да ги промениме работите

На 21 април народот ќе го порази „Заевизмот,кажа Мицкоски при посетата на охридско-струшкиот регион.

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната работна посета на охридско-струшкиот регион, прошета низ Охрид а го посети и градското пазариште. Слабо купувачи, заклучи Мицкоски откако разговораше со пазарџиите.Тие му се пожалија на лидерот Мицкоски дека работата не оди добро, дека заработувачката е слаба и дека се помалку луѓе има на пазарот.
-Затоа го бараме вашиот глас, за да ги промениме работите. – им рече Мицкоски на пазарџиите на охридскиот пазар.
Во врска со изборот на Пендаровски за консензуален кандидат на владејачката коалиција, лидерот Мицкоски истакна дека тој е рецидив на транзицијата и дека на 21 април народот ќе го порази „Заевизмот“, а Македонија ќе добие жена за претседател.
Мицкоски не го откри кој ќе биде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Охрид на предвремените избори.
-Во тек се анализи, а освен рејтинзите и анкетите, сакаме да го чуеме и мислењето на граѓаните. Затоа се спуштаме помеѓу народот, да чуеме што тој мисли. – изјави Мицкоски. Тој најавуви дека ВМРО ДПМНЕ деновиве ќе го обелодени името на кандидатот за градоначалник на Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани