Кои се законските рокови за доставување претседателски кандидатури?

Изборната кампања за претседателските избори, започнува на 1 април.

Според Државната изборна комисија (ДИК),изборната кампања започнува 30 дена пред одржување на изборите, односно од 1 април. Собирањето на потписи започна на 23 февруари а ќе заврши на 9 март. Доставувањето на кандидатурите завршува на 21 март.Досега, до ДИК, кандидатура нема доставено ниту еден од кандидатите кои се во трка за претседател на државата. Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, вели дека ДИК до кандидатите доставила барање за собирање на потписи.
Според ДИК, до нив досега пристигнале 7 кандидатури: Гордана Силјановска, Блерим Река, Амди Бајрам, Димче Петровски, Филип Петровски, Јосиф Мирчевски и Господин Поповски.Според податоците кои пристигнале до нив од регионалните канцеларии, Гордана Силјановска собрала потписи и ја повлекла листата за собирање на потписи. Таа собрала 15.169 потписи. Кандидатот, Амди Бајрам, според ДИК собрал 1.124 потписи, Димче Петровски 373 потписи, Филип Петровски 1.150 потписи, Јосиф Мирчевски 8 потписи, Господин Поповски 11 потписи и Блерим Река 6.514 потписи.
Инаку, во пресрет на претседателските избори, денеска, ДИК, Државниот завод за ревизија и Антикорупциска денеска потпишаа меморандум за соработка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани