Доктор Константин Георгиески кандидат за градоначалник од СДСМ

Докторот  интернист и актуелен вршител на должност градоначалник, Константин Георгиески, ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ. 

 Георгиески уживал највисок рејтинг помеѓу кандидатите за градоначалници кои се споменуваа во јавноста. 

Предлогот е на раководството на партијата , кој треба да биде потврден на конвенција на општинската организација на СДСМ ,  деновиве.

 Од ВМРО ДПМНЕ најавија дека  кандидат за градоначалник на Охрид  ќе соопштат во понеделник.

 Предвремените локални избори за градоначалник во Охрид, ќе се одржат заедно со претседателските на 21 април.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани