Градежна офанзива во пресрет на туристичката сезона во охридско , најави министерот за транспорт и врски Сугарески.
Се реконструираат три патни правци во износ од 186 милиони денари во должина од 18, 2 километри.
После дваесет години деновиве започна рехабилитација на транзитниот булевар „Туристичка“ , се рехабилитира и стариот пат од Охрид кон Струга, а ќе се санира и патот кон село Радожда.

-„ Со сите оние програми кои што ги има ЈП за државни патишта преку Светска банка, преку ЕБР и преку сопствени средства вклучително и средствата од Македонија пат сите оние средства кои што беа предвидени во нивните буџети сметаме дека ќе биде исполнети во наредниот период. На тој начин сметаме дека капиталните инвестиции во Р Македонија за оваа година ќе бида исклучително високи морам да потенцирам дека ако гледаме првиот квартал во ЈП за државни патишта 300 % е повисок од ланската година за овој период. Затоа сум убеден дека до крајот на годинава ќе бидат остварени очекувањата на владата“, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
.jpg)
Нема застој во изградбата на автопатот Охрид Кичево, тврдат надлежните. Иако изградбата започна пред 5 години, истовремено со автопатот Миладиновце, кој ќе биде пуштен следната недела , овој автопат ќе биде готов дури за две години.
– „Согласно временските услови очекуваме се појако и појако да се гради. Делот што е од Ексим банка беа минатата недела има процедура во влада на КИна но тоа веруваме ќе се реши за месец дена и континуирано ќе продолжи да се гради ние од постоечкиот кредит имаме средства од 200 милиони така да и без тоа ќе продолжи да се работи. Нашата тендеција е да не чекаме 2021 година туку како што дозволува изградените километри да бидат пуштени во употреба“ , вели Зоран Китанов на местото Директор на ЈП за Државни патишта.
.jpg)
Првиот човек на градот задоволен од реконструкциите најави и други инфраструктурни проекти.
-„За рехабилитација и реконструкција на главната артерија тоа е улица Туристичка која е нјарепрезентативната улица во нашиот град , туристите кога ќе дојдат прво се среќаваат со таа улица и понатаму ке придонесе за безбдено одвивање на сообраќајот за подобра слика на нашиот град. Сакам да се заблагодарам и за претходната реконструкција до плажите на експресниот пат. И да најавам дека од овде ќе одиме на 15 Корпус на влезот на Охрид од Битола за да се запозчнаемесо состојбата и во иднина да го планираме и тој дел за реконструкција“, вели Константин Георгиески в.д градоначалник на Охрид.
Во оваа градежна сезона се работи на изградба на два автопати, четири експресни патишта и четириесеттина реконструкции на регионални патни правци во земјава.
Новинар Соња Рилковска
