Докторот интернист и актуелен вршител на должност градоначалник, Константин Георгиески, ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ.
Георгиески уживал највисок рејтинг помеѓу кандидатите за градоначалници кои се споменуваа во јавноста.
Предлогот е на раководството на партијата , кој треба да биде потврден на конвенција на општинската организација на СДСМ , деновиве.
Од ВМРО ДПМНЕ најавија дека кандидат за градоначалник на Охрид ќе соопштат во понеделник.
Предвремените локални избори за градоначалник во Охрид, ќе се одржат заедно со претседателските на 21 април.
