Охридскиот затворен базен се уште во градба

Продолжува изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид. После подолг застој на градежните активности, повторно се раздвижи механизацијата во близина на спортскиот центар „Билјанини извори“.

Според проектот базенот се гради на површина од 15 илјади квадратни метри, со димензии од 33 на 22 метри, трибини и над 500 седишта. Во репрезентативниот комплекс ќе има два базени, спа и велнес цетар, фитнес клуб,продавници, игротека, угостителски објект и други комерцијални содржини.
Локалната самоуправа ја загрижува одржувањето на големиот спортски објект. Според проценките месечно тоа ќе чини милион и пол денари, превисока сума која ќе го доведе во прашање самото функционирање на базенот.

-„Со добивањето на затворениот базен , онаков каков што се гарди сега, ние само ќе добиеме уште една главоболка бидејки ќе требаат огромни средства за месечно одржување. Нема базен во светот кој работи позитивно. Тоа не е за профит но во ситуација кога ние секојдневно преговараме со доверители во општина која е што е задолжена милјарди денари уште еден таков проблем ќе ни биде уште еден жежок костен. Меѓутоа почнало се гради и е пзотивно што ќе се направи еден ткаов објект но на крај ќе излезе дека градењето било поедноставно и поевтино од неговото одржување“, вели Константин Георгиески в.д. градоначалник на Охрид.

За охриѓани покриениот базен е остварување на вековниот сон. Во градот на вода редно е да се вратат водените спортови, ватерпол и пливање.

-„Пливањето како спорт го имаме само во летниот период. На Охрид е потребен затворен базен така што дел од наставата што сега се одива по физичко воспитување би се одвивала во тој затворен базен.0205 Да високи се зборува за високи суми на расходи во одржувањето на базенот меѓутоа тука може да интервенира и самата држава. Ако како држава сметаме дека ни е потребен базен тогаш државата може да го преземе расходниот дел“, вели Јоне Станкоски професор по физичко воспитување.

Наспроти градоначалникот од Агенцијата за спорт и млади своевремено тврдеа дека објектот ќе биде енергетски ефикасен со вградени геотермални пумпи и соларна енергија кои ќе го направат неговото користење во зима далеку поевтино.
Базенот започна да се гради во 2015 година требаше да биде готов за 30 месеци, но и по четири години објектот е изграден едвај до карабина. Капиталениот проект ќе чини околу 5 милиони евра.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани